Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 94.9.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање од 0.9 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.4 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.1 %, Капитални производи за 2.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.1 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ мај 2020 година , во однос на периодот јануари ‒ мај 2019 година, изнесува 95.8.