Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 102.8.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, бележи пораст од 9.2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.5%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 7.2%, Капитални производи за 1.5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.4% , додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.1%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - октомври 2013 година , во однос на периодот јануари - октомври 2012 година, изнесува 101.0.