Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Растително производство


Органско производство во 2023 година

четврток, 27 јуни 2024


Во Република Северна Македонија во 2023 година, со земјоделско органско производство се занимавале 888 производители.

Вкупната површина со растително органско производство изнесуваа 4 215 хектари, од кои 1 475 хектари се површини на органско производство во преод.

Најголемо учество со 51 % (2 158 хектари) во користената земјоделска површина со органско производство сè уште имаат житните култури.

Во однос на 2022 година, органското производство на житните култури е намалено за 5.6 %, кај индустриските култури производството е намалено за 17.0 %, кај фуражните култури производството е намалено за 8.4 %, производството на зеленчук е намалено за 42.8 %, кај овошките производството е зголемено за 16.4 % и за 4.6 % е намалено производството на органски лозови насади.

Вкупниот број органски говеда е 7 528 грла и во вкупниот број говеда учествува со 5.1 %. Учеството на органски овци во вкупниот број овци изнесува 20.5 %, а органските кози учествуваат во вкупниот број кози со 5.8 %.

Производството на органски мед во 2023 година е зголемено за 53.9 % во однос на 2022 година, а бројот на пчелни семејства во истиот период е зголемен за 16.5 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика