Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Растително производство


Органско производство во 2022 година

петок, 30 јуни 2023


Во Република Северна Македонија во 2022 година, површините со органско производство на житни култури изнесуваа 2 486 хектари и беше остварен принос од 3 869 тони. Во однос на 2021 година, органското производство на житните култури е намалено за 1.8 %, кај индустриските култури производството е зголемено за 48.1 %, кај фуражните култури производството е намалено за 16.3 %, производството на зеленчук е зголемено за 84.2%, кај овошките производството е зголемено за 30.2 % и 10.9 % е зголемено производството на органски лозови насади. Вкупниот број на органски говеда е 7 821 грло и во вкупниот број говеда учествува со 4.8 %. Учеството на органски овци во вкупниот број овци изнесува 16.1 %, а органските кози учествуваат во вкупниот број кози со 6.4 %. Производството на органски мед во 2022 година е намалено за 25.5 % во однос на 2021 година, а бројот на пчелни семејства во истиот период е намален за 14.6 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика