Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година, вкупниот улов на риба изнесувал 2 171 537 кг
и во однос на 2020 година е поголем за 4.1 %.
Од вкупниот улов во 2021 година, 65.6 % се уловени ладноводни риби, а учеството на уловот на топловодни риби е
34.4 %. Во однос на 2020 година, уловот на ладноводни риби е поголем за 1.8 %, а кај топловодните риби уловот e
зголемeн за 7.9%.
Производството и уловот на риба се базира на аквакултурно производство, (92.9 %), стопански риболов (5.8 %) и
рекреативен улов кој учествува само со 1.3 %. Во 2021 година, во однос на 2020, кај сите е забележано зголемување
на уловот на риба.
Во 2021 година се произведени 1 815 милиони парчиња икра и подмладок со вкупна тежина од 132 403 кг.
Производството на икра за подмладок во контролирана средина во 2021 година е намалено за 14.2 %, додека тежината
на подмладокот е зголемена за 21.2 %. Од видовите риби, како подмладок најмногу се одгледува виножитната
пастрмка.
Според начинот на одгледување на риби, како објекти најмногу се користат рибници, базени и канали и кафези.
Бројот на вработени во производството на риба во 2021 година изнесува 415, од кои 315 се мажи. Со рекреативен
риболов во 2021 година се занимавале 12 582 лица, од кои само 412 се жени.
Методологијата за статистиката на риболовот и аквакултурата е во согласност со Регулативата бр. 762/2008 на
Европскиот парламент и Советот на Европската Унија.