Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Животна средина
Јавен водовод и јавна канализација, 2018
четврток, 20 јуни 2019
За потребите на снабдување со вода, во 2018 година биле зафатени и преземени 305 430 илјади м3 вода, што е за 10.1 % повеќе во споредба со истиот период во 2017 година. Од вкупното зафатено количество вода, 11.9 % се од подземни води, 67.9 % од изворски води, 11.0 % од водотеци, 8.2 % од акумулации и 1.1 % од езера.
Вкупното количество преземена вода од други водоводни системи е за 8.3 % поголемо во однос на претходната година.
Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2018 година било за 20.2 % повисоко во однос на претходната година. Во структурата на потрошувачката на вода најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 55.5 % од вкупно испорачаната вода од јавниот водовод. Во 2018 година, јавниот водовод имал загуби на вода поголеми за 0.1 % во споредба со референтната вредност во 2017 година.
Вкупното количество отпадни води во 2018 година било за 2.6 % помало во однос на 2017 година.
Вкупното количество непречистени отпадни води во 2018 година се намалило за 10.6 % во однос на претходната година. Вкупното количество пречистени отпадни води било за 32.2 % повисоко во однос на 2017 година. Најмногу отпадни води биле испуштени во водотеци (41.7 % непречистени и 20.8 % пречистени отпадни води).
Направена е исправка во единиците мерки прикажани во првата реченица од соопштението и во табелите.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика