Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Јавен водовод и јавна канализација, 2021 година

среда, 22 јуни 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени
306 259 илјади м3 вода за снабдување, што е за 2.2 % помалку во однос на 2020 година. Од вкупното зафатено
количество вода, најмногу вода е зафатено од изворски води, 65.6 %, а најмалку од езера 0.9 %.
Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2021 година било за 1.6 % повеќе во однос на претходната
година. Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле
67.2 % од вкупната испорачана вода од јавен водовод.
Вкупното количество отпадни води во 2021 година било за 2.8 % поголемо во однос на 2020 година.
Од вкупното количество испуштени отпадни води во 2021 година, 62.0 % биле непречистени, а 38.0 % пречистени
отпадни води.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика