Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Јавен водовод и јавна канализација, 2020 година

вторник, 22 јуни 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени 313 013 илјади м3 вода за снабдување, што е за 3.0 % повеќе во однос на 2019 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода е зафатено од изворски води, 63.8 %, а најмалку од езера 0.8 %.

Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2020 година било за 1.0 % повеќе во однос на претходната година. Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 69.1 % од вкупната испорачана вода од јавен водовод.

Вкупното количество отпадни води во 2020 година било за 0.8 % помало во однос на 2019 година.

Од вкупното количество испуштени отпадни води во 2020 година, 66.6 % биле непречистени, а 33.4 % пречистени отпадни води. 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика