Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Животна средина
Даноци поврзани со животната средина во Република Македонија, 2014 и 2015 - претходни податоци -
среда, 27 септември 2017
Државниот завод за статистика за првпат објавува резултати од пресметувањето даноци поврзани со животната средина во Република Македонија.
Даноците поврзани со животната средина се еден од економските инструменти за контрола на загадувањето и за управување со природните ресурси што имаат за цел да влијаат врз однесувањето на економските субјекти, производителите и потрошувачите.
Во 2015 година, во Република Македонија биле платени даноци поврзани со животната средина во износ од 10 527.4 милиони денари, што е за 16.4% повеќе отколку во 2014 година. Најголемо учество во даноците поврзани со животната средина имаат даноците за енергенти со 64.6%, по што следат даноците за транспорт со 34.5% и даноците за загадување и даноците за природни ресурси поврзани со искористување природни ресурси (вода, шуми, дива флора и фауна) со 0.9%.
Во 2015 година даноците составувале околу 1.9% од бруто-домашниот производ, што е за 0.2 процентни поени повеќе отколку во 2014 година.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика