Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Животна средина


Даноци за животната средина, 2021 година – претходни податоци –

петок, 06 октомври 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година, во Република Северна Македонија биле платени даноци за животната средина во износ од 14 273.4 милиони денари, што е за 13.7 % повеќе отколку во 2020 година. Најголем пораст бележат даноците за енергенти во секторите Транспорт и складирање и Преработувачка индустрија. Ваквото зголемување е резултат на зголемените акцизи на горивата. Во 2021 година, најголемо учество во даноците за животната средина имаат даноците за енергенти со 64.0 %, по што следат даноците за транспорт со 34.9 % и даноците за загадување со 1.1 %.

Учеството на даноците за животна средина во бруто-домашниот производ во 2021 година е 2.0 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.