Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Даноци за животната средина, 2019 година - претходни податоци -

среда, 06 октомври 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година, во Република Северна Македонија биле платени даноци за животната средина во износ од 13 473.7 милиони денари, што е за 4.7 % повеќе отколку во 2018 година. Најголем пораст бележат даноците за енергенти во секторите Рударство и вадење на камен и Градежништво. Ваквото зголемување е резултат на зголемените акцизи на горивата. Во 2019 година, најголемо учество во даноците за животната средина имаат даноците за енергенти со 64.6 %, по што следат даноците за транспорт со 34.2 % и даноците за загадување со 1.2 %.

Учеството на даноците за животна средина во бруто-домашниот производ во 2019 година е 1.9 %






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика