Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници, во патничкиот патен
превоз, во првото тримесечје од 2024 година изнесува 10766 илјади и во однос на истиот период од претходната
година е намален за 17.2 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е
намален за 22.2 %, во приградскиот превоз е намален за 13.1 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6.6 %, а во
меѓународниот превоз е намален за 32.6 %.
Во првото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, вкупниот број патнички километри
во патниот патнички превоз е намален за 12.0 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во
градскиот превоз е намален за 1.6 %, во приградскиот превоз е намален за 8.6 %, во меѓуградскиот превоз е
зголемен за 14.2 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 27.7 %.