+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Образование и наука


Иновативни деловни субјекти во периодот 2016 – 2018 година

среда, 15 април 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, учеството на иновативните деловни субјекти во вкупниот број на деловни субјекти, во периодот 2016 – 2018 година, изнесува 55.0 %.

Од вкупниот број иновативни деловни субјекти, 16.8 % имаат воведено иновација на производ, 26.0 % имаат воведено иновација на процес, а 55.6 % имаат воведено иновација на производ и процес. Прекинати или откажани иновации имаат 1.6 % од вкупниот број иновативни деловни субјекти.

По сектори, најмногу иновации се бележат во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (89.5 %), потоа Маркетинг (реклами и пропаганда) и истражување на пазарот (78.1 %), Информации и комуникации (77.5 %), а најмал процент на иновации се бележат во секторот Научно истражување и развој (23.5 %).






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика