Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Насилната смрт зголемена за 2.5% во 2009 година во однос на 2008 година

среда, 30 јуни 2010


Зголемен бројот на умрени лица од насилна смрт
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 2.5% во однос на претходната година и изнесува 613 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 3.2%. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2009 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица и тоа со 71.0%.

Најголемо учество заземаат несреќните случаи
Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат “несреќните случаи” со 68.0%, “самоубиствата” со 27.2% и “убиствата” со 4.7%. Во категоријата “несреќни случаи” на прво место се умрените лица во транспортни несреќи со учество од 25.1% во однос на вкупно умрените од насилната смрт. На второ место се умрените од “други надворешни причини за случајна повреда” со учество од 21.7%, додека на трето место се умрените лица од “паѓања” со застапеност од 10.6%.
Кај категоријата “самоубиства” на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради “бесење, странгулација и суфокација” со учество од 12.6%, а кај категоријата “убиства” најголемо учество се случаите од “обид за нанесување на телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје” со 1.6% во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика