Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 13.3 % во однос на претходната година и изнесува 477 умрени лица. Умрените од насилна смрт учествуваат со 2.4 % во вкупниот морталитет. Во структуратана умрените од насилна смрт според полот, и во 2018 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа со 76.3 %.
Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 70.4 %, самоубиствата со 24.3 % и убиствата со 5.2 %.
Во категоријата несреќни случаи, на прво место се умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда, со учество од 36.1 %.
Кај категоријата самоубиства, на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради бесење странгулација и суфокација, со учество од 13.4 %.
Во категоријата убиства, на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда со истрел од пиштол, со 1.9 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.