Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.3 % на месечно ниво, а за 2.3 % на годишно ниво.
Во февруари 2020, во споредба со јануари 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.1 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 4.4 %.
Во февруари 2020, во споредба со февруари 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.3 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6.1 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 3.5 %.