Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.7 % на месечно ниво, а се повисоки за 3.7 % на годишно ниво.
Во ноември 2019, во споредба со октомври 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.9 %, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0.8 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %.
Во ноември 2019, во споредба со ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.5 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.1 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 4.3 %.