Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.8 % на месечно ниво, а за 4.9 % на годишно ниво.
Во септември 2019, во споредба со август 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.1 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.9 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.1 %.
Во септември 2019, во споредба со септември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.9 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 5.8 %.