Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1.1 % на месечно ниво, а за 4.0 % на годишно ниво.
Во август 2019, во споредба со јули 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.2 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1.4 %.
Во август 2019, во споредба со август 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4.2 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.2 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 5.1 %.