Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.4 % на месечно ниво, а за 2.3 % на годишно ниво.
Во јули 2019, во споредба со јуни 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.2 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.1 %.
Во јули 2019, во споредба со јули 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 3.5 %.