Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.4 %, а се пониски за 0.8 % на годишно ниво.
Во јануари 2019, во споредба со декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.3 % и во секторот Преработувачка индустрија за 0.4 %, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.1 %.
Во јануари 2019, во споредба со јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 17.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.9 %.