Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.4 %, а се пониски за 0.8 % на годишно ниво.
Во декември 2018, во споредба со ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.7 %, и во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 %, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.2 %.
Во декември 2018, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 14.9 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.7 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.7 %.