Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, јули 2018 година

понеделник, 10 септември 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се пониски за 0.5 % на месечно ниво, а се повисоки за 1.1 % на годишно ниво.


Во јули 2018, во споредба со јуни 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, остануваат на исто ниво во секторот Рударство и вадење на камен, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.9 %.


Во јули 2018, во споредба со јули 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.9 % и во секторот Преработувачка индустрија за 1.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 3.3 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика