Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2018 година, продажните цени на производителите на
индустриски производи, вкупно, се пониски за 1.6 % на месечно ниво, а се повисоки за 1.5 % на годишно ниво.
Во март 2018, во споредба со февруари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 11.9 % и во секторот Преработувачка индустрија за
0.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1.2 %.
Во март 2018, во споредба со март 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6.4 % и во секторот Преработувачка индустрија за
1.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 2.3 %.