Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2017 година, продажните цени на
производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки за 0.4% на месечно ниво, а за 3.3% на годишно
ниво.
Во септември 2017, во споредба со август 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4.2%, а се повисоки во секторот
Преработувачка индустрија за 0.8% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и
климатизација за 0.6%.
Во септември 2017, во споредба со септември 2016 година, продажните цени на производителите на
индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 20.4%, во секторот
Преработувачка индустрија за 2.1% , а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа
и климатизација за 0.1%.