Според податоците на Државниот завод за статистика (МАКСТАТ), во април 2017, продажните цени на
производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.1% на месечно ниво, а за 4.6% на
годишно ниво.
Во април 2017, во споредба со март 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.7% и во секторот Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0%, а во секторот Преработувачка индустрија се на исто ниво.
Во април 2017, во споредба со април 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 21.4%, во секторот Преработувачка индустрија
за 3.4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.3%.