Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, декември 2016

среда, 15 февруари 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2016, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1.4% на месечно ниво, а за 1.8% на годишно ниво.


Во декември 2016, во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6.6% и во секторот Преработувачка
индустрија за 1.1%, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
за 0.2%.


Во декември 2016, во споредба со декември 2015, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 9.9%, во секторот Преработувачка
индустрија за 1.3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.4%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика