Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2016, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.5% на месечно ниво, а за 4.4% на годишно ниво.
Во февруари 2016, во споредба со јануари 2016, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.8%, во секторот Преработувачка
индустрија за 0.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки
за 0.8%.
Во февруари 2016, во споредба со февруари 2015, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 7.6% , во секторот Преработувачка
индустрија за 4.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се на исто
ниво.