Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2016, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.9% на месечно ниво, а за 4.9% на годишно ниво.
Во јануари 2016, во споредба со декември 2015, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.8%, во секторот Преработувачка
индустрија за 0.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки
за 0.1%.
Во јануари 2016, во споредба со јануари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 11.4% , во секторот Преработувачка индустрија
за 4.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0%.