Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2015, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.2% на месечно ниво, а за 5.2% на годишно ниво.
Во ноември 2015, во споредба со октомври 2015, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.4% и во секторот Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.3%, a во секторот Преработувачка индустрија се повисоки
за 0.1%.
Во ноември 2015, во споредба со ноември 2014, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9.9% , во секторот Преработувачка
индустрија за 5.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.6%.