Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2024 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се повисоки за 0.3 %, а на годишно ниво за 6.1 %.
Во декември 2024, во споредба со ноември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.9 %, во секторот Преработувачка
индустрија за 0.3 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за
1.0 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација
на околината остануваат непроменети.
Во декември 2024, во споредба со декември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 16.3 %, во секторот Преработувачка
индустрија за 5.3 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 14.0 % и во
секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за
4.5 %.