Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2024 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се повисоки за 0.5 %, а на годишно ниво за 3.0 %.
Во август 2024, во споредба со јули 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.7 %, a се повисоки во секторот Преработувачка
индустрија за 0.7 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.4 %, додека
во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината
остануваат непроменети.
Во август 2024, во споредба со август 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 11.0 %, во секторот Преработувачка индустрија
за 2.2 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 13.0 % и во секторот
Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4.5 %.