Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво остануваат непроменети, а на годишно ниво се повисоки за 2.0 %.
Во јули 2024, во споредба со јуни 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.0 %, во секторот Преработувачка индустрија остануваат непроменети, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0.7 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината се повисоки за 2.8 %.
Во јули 2024, во споредба со јули 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 19.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.9 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 12.3 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4.5 %.