Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.8 %, а на годишно ниво за 1.1 %.
Во јуни 2024, во споредба со мај 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се
пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.5 %, се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0.4 %, и во
секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 9.8 %, додека во секторот Снабдување со вода;
отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.
Во јуни 2024, во споредба со јуни 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се
повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 14.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.2%, во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10.3 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување
на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1.6%.