Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2024 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.7 %, а се пониски на годишно ниво за 1.0 %.
Во април 2024, во споредба со март 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.9 %, во секторот Преработувачка индустрија
за 0.5 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.6 %, додека во секторот
Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат
непроменети.
Во април 2024, во споредба со април 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за
1.3 %, a се повисоки во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.6 % и во
секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за
1.6 %.