Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, март 2024 година

петок, 10 мај 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2024 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.5 %, а се пониски на годишно ниво за 1.5 %.
Во март 2024, во споредба со февруари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.1 %, а се повисоки во секторот Преработувачка
индустрија за 0.3 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5.6 %, додека
во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината
остануваат непроменети.
Во март 2024, во споредба со март 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 8.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за
1.3 %, додека се повисоки во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.1 % и во
секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за
1.6 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика