Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.4 %, а се пониски на годишно ниво за 2.2 %.
Во февруари 2024, во споредба со јануари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.6 %, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5.4 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.
Во февруари 2024, во споредба со февруари 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 12.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.6 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6.3 %, а во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината се повисоки за 1.6 %.