Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2023 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 1.0 %, а на годишно ниво за 3.8 %.
Во октомври 2023, во споредба со септември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.3 %, во секторот Преработувачка
индустрија за 1.0 %, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.9 %.
Во октомври 2023, во споредба со октомври 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 12.9 %, во секторот Преработувачка
индустрија за 2.5 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10.3 %.