Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2023 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0.6 %, а на годишно ниво за 1.2 %.
Во август 2023, во споредба со јули 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.2 % и во секторот Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација за 0.7%, додека во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0.8 %.
Во август 2023, во споредба со август 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 17.7 % и во секторот Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација за 11.0 %, додека во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1.0 %.