Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2023 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0.2 %, а на годишно ниво се повисоки за 10.4 %.
Во февруари 2023, во споредба со јануари 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.6 % и во секторот Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.1 %, а во секторот Преработувачка индустрија остануваат
непроменети.
Во февруари 2023, во споредба со февруари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.6 %, во секторот Преработувачка
индустрија за 10.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 13.8 %.