Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, септември 2022 година

четврток, 10 ноември 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се пониски за 0.2 %, а на годишно ниво се повисоки за 15.8 %.

Во септември 2022, во споредба со август 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.3 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %, додека во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.1 %.

Во септември 2022, во споредба со септември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 7.7 %, во секторот Преработувачка индустрија за 14.6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 43.1 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика