Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, декември 2021 година

четврток, 10 февруари 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2021 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1.0 % на месечно ниво, а за 16.5 % на годишно ниво.
 
Во декември 2021, во споредба со ноември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.0 %, во секторот Преработувачка
индустрија за 0.7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3.9 %.
 
Во декември 2021, во споредба со декември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 21.0 %, во секторот Преработувачка
индустрија за 14.6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 41.5 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика