Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2021 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.2 % на месечно ниво, а за 16.3 % на годишно ниво.
Во ноември 2021, во споредба со октомври 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.7 %, а се повисоки во секторот
Преработувачка индустрија за 0.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
за 2.2 %.
Во ноември 2021, во споредба со ноември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 20.1 %, во секторот Преработувачка
индустрија за 14.6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 38.0 %.