Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1.7 % на месечно ниво, а за 14.1 % на годишно ниво.
Во август 2021, во споредба со јули 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.9 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %.
Во август 2021, во споредба со август 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 18.5 %, во секторот Преработувачка индустрија за 13.3 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 21.3 %.