Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1.8 % на месечно ниво, а за 14.0 % на годишно ниво.
Во јули 2021, во споредба со јуни 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 13.3 %.
Во јули 2021, во споредба со јули 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 35.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 11.6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 28.6 %.