Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1.1 % на месечно ниво, а за 6.4 % на годишно ниво.
Во март 2021, во споредба со февруари 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација остануваат непроменети.
Во март 2021, во споредба со март 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 13.5 %, во секторот Преработувачка индустрија за 5.4 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 14.9 %.