Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки за 1.8 % на месечно ниво, а за 2.7 % на годишно ниво.
Во јануари 2021, во споредба со декември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 2.4 %, а се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.9 %.
Во јануари 2021, во споредба со јануари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7.8 %.