Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки за 0.3 % на месечно ниво, а за 0.4 % на годишно ниво.
Во ноември 2020, во споредба со октомври 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.5 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1.1 %.
Во ноември 2020, во споредба со ноември 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4.4 %, а во секторот Преработувачка индустрија се непроменети.