Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки 0.2% на месечно ниво, а се пониски за 0.5 % на годишно ниво.
Во септември 2020, во споредба со август 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.9 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.2 %, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0.1 %.
Во септември 2020, во споредба со септември 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.9 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6.5 %, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1.3 %.