Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, мај 2020 година

петок, 10 јули 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.1 % на месечно ниво, а за 0.2 % на годишно ниво.

Во мај 2020, во споредба со април 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.4 %, во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација остануваат непроменети.

Во мај 2020, во споредба со мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 16.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5.2 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1.5 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика